Топла домашна штрудла од јаболка

Гастрономски евергрин!

str 3

Потребни намирници – 500 грама кори за штрудла, 700 грама јаболка, 80 грама суво грозје, 50 грама ореви, 10 грама шеќер, 25 милилитри сок од цеден лимон, 10 грама ванилин шеќер, 1 јајце (жолчка), 1 лажица шеќер во прав.

Подготовка

На средината на корите ставете ги изренданите јаболка, пртходно помешани со шеќерот, лимоновиот сок, сувото грозје, иситнетите ораси и ванилин шеќер.  Завиткајте ги корите во ролат и потоа премачкајте ги со жолчката од јајце.

Прободете го горниот дел од кората со вилушка на неколку места. Штрудлата ставете ја во тава за печење претходно премачкана со масло. Печете на температура од 220 степени околу половина час.   Кога ќе биде готова, наросете ја со шеќерот во прав.

x

Check Also

Карфиол во сос од кашкавал, превкусно!

Ако го сакате карфиолот, тогаш комбинацијата со растопен кашкавал мора да ја ...