Топлес фотографијата на Мадона го „урна“ Инстаграм

Нова провокација на социјалната мрежа Инстаграм доаѓа од поп ѕвездата Мадона (61).

Мадона позира топлес, со едната рака потпирајќи се на патерица. Оваа провокативна фотографија доаѓа по серијата фотографии поврзани со протестите на „Black Lives Matter“.

Селфито е направено во купатилото во нејзината куќа во Португалија каде Мадона го поминува периодот на изолација заедно со своите деца.

View this post on Instagram

Everyone has a Crutch……………. 🛠

A post shared by Madonna (@madonna) on

Без шминка, со распуштена долга (руса) коса до рамениците, со шешир на главата и пред сè со патерица, ѕвездата испрати порака „Секој има патерица“,  објавувајќи и емотикон кој прикажува чекан и клуч.

Можеби, со оваа порака, Мадона сакаше да каже дека секоја личност треба да има некој на кого може да се потрпе и во кој може да верува, а во нејзиниот случај тоа е патерицата.

Инаку, за време на турнејата „Мадам Х“, пејачката неколку пати паднала на сцената поради силната болка во колената. Проблемот со колената никогаш не бил решен и покрај различните хируршки операции низ кои поминала.

 

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...