Топли и женствени: големите шалови (пак) се во мода

Секоја сезона ни доаѓаат нови трендови, а оваа есен секако ќе биде запаметена по многу впечатливи детали.

salz1

Еден од модните додатоци со кои може да си поиграте во различни комбинации оваа есен/зима е големиот шал. Освен модна функција, ваквиот шал има и многу практична функција – и тоа како, топли! Добро е ако е во „ел“ големина, уште подобро ако дури наликува на ќебе.

salz2

Покрај тоа што греат во студените денови, ваквите шалови може да се носат и  врзуваат на различни начини добивајќи „нови“ модни комбинации. Одлично одговара и со палта, јакни, фустани или фармерки.

Кога е избор на шал во прашање, имајте ги на ум и боите. Ако го поддржувате лежерниот стил на облекување, тогаш може да бидат модели во светли бои или шарени со впечатливи мотиви. А оние кои сакаат елегантни комбинации, би можеле да се одлучат за волнен шал или шал од кашмир  во неутрални и дискретни бои.

x

Check Also

Samsung ги прошири можностите на апликацијата SmartThings Find со Galaxy SmartTag опцијата

Прикачете го Galaxy Smart Tag локаторот на клучевите, паричникот или други важни ...