Барате инспирација за сладок рецепт кој сите ќе ги освои „од прва“? Без размислување, пригответе ја неодоливата торта Тоблероне за божиќните празници.
Потребни намирници – 200 грама ситно сечкани бадеми, 200 грама мелени бадеми, 200 грама шеќер, 200 грама брашно, 3 јајца, 100 грама маргарин, 1 прашок за печиво.
Подготовка
Белките одвојте ги од жолчките и изматете ги во снег. Посебно изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете го маргаринот, сечканите бадеми, мелените бадеми и добро измесете, потоа вмешајте го и брашното со прашокот за печиво. На крајот додадете го снегот од белките.
Печете на 200 степени 20 минути во плех (по можност во форма на тријаголник). Оставете да се излади, а потоа исечето на три дела.
Фил – во длабок сад соединете ги јајцата, шеќерот, медот, иситнетата чоколада и варете на пареа додека смесата стане густа. Во изладената смеса додадете го пенесто изматениот маргарин. Премачкајте го тестото. Белата и црната чоколада стопете ја заедно со слатката павлака и на крајот претурете ја врз тортата.