Трајна шминка во пет чекори

Не треба посебно да се нагласува дека нанесувањето шминка повеќе од еднаш дневно за повеќето е губење време, особено ако се работи за вработени жени кои немаат многу време кое можат да го потрошат пред огледало.

sminka 4Иако има жени на кои нанесувањето не им е проблем, сигурно би сакале шминката да им трае подолго. Ви предложуваме неколку начини кои ќе ви помогнат нанесената шминка да трае подолго.

Одржувајте ја кожата чиста

Шминката ќе се задржи подолго доколку имате чиста кожа. Редовно правите пилинг, одржувајте ја хидратантна со внесување многу вода. Поради површинското масло на лицето, шминката брзо се „лизга“, па затоа е важно да ја чистите и хидрирате кожата пред да ставите шминка. Ако шминката ја нанесете на сува кожа, тогаш нема премногу да се задржи.

 sminka 3

Користете прајмер

Прајмерот служи како врска помеѓу кожата и пудрата, односно тоа е подлога на која ја нанесувате шминката, така што ќе ја држи цврсто. Го изедначува тонот на кожата и и дозволува на кожата да дише. Одлично ги апсорбира маснотиите,  што значи дека шминката ќе ја задржи подолго.

 sminka 2

Нанесете пудра на вистински начин

Подобро да се избегнува течна пудра, бидејќи може нема да се задржи премногу долго. Нанесете ја пудрата користејќи синтетичка четка и одберете пудри со погуста текстура, отпорна на вода која гарантира долготрајност. На средина на лицето нанесете со четкичка малку пудра, па размачкајте ја со кружни движења кон надворешниот дел на лицето. На лицето нежно притиснете со марамче за да ја зацврстите. Исто така, квалитетно матирани пудри траат подолго, па при купување на овој производ никако не штедете пари, како и кај широката четка за нанесување на пудрата.

Усните нека сјаат повеќе

Светли или сјајни сјаеви за усни нема долго да траат на усните, па подобро изберете матирана, чија боја е долготрајна. Пред самото нанесување на сјајот или карминот, усните добро да ги хидрирате, а нанесувањето на моливот на надворешноста на усните ќе спречите размачкување на карминот. Ако карминот ви е премногу мек, ставете го во фрижидер некое време.

Поработете на маскарата

Спречете го размачкувањето на маскарата и купувајте само водоотпорна која ќе остане долго на трепките. Маскарата ќе трае прилично долго ако ја нанесете во два слоја, но претходно нанесете на трепките малку камена пудра.

x

Check Also

Грејс Елизабет е лице во новата кампања на Estee Lauder

Новиот ангел на Викторија сикрет, Грејс Елизабет, е главно лице во рекламната ...