Тренд 2014: големи, нагласени и природни веѓи

Мејк-ап стилистите ги најавија трендовите за 2014 година. Кога сме кај веѓите, се согласија во едно, на ред се големите, нагласени и природни веѓи.

Кара Делавињ

Кара Делавињ

Како важен дел од лицето, веѓите се преокупација на многу жени. Моментно, најмногу се имитираат веѓите на Кара Делавињ а тој тренд, според прогнозите ќе продолжи и во 2014 година. За разлика од нејзината посветла коса, веѓите и се нагласени и големи.

Лили Колинс, девојката која има најголеми веѓи во Холивуд

Лили Колинс, девојката која има најголеми веѓи во Холивуд

Следната година ќе биде во знакот на веѓи „ала“ Лили Колинс. Природни веѓи, без никаква интервенција. Рита Ора, според прогнозите на стилистите, веројатно ќе излезе од мода, но нејзините веѓи беа пример и инспирација во теков на годинава која одминува. И тоа само поради линијата, поточно крајот на линијата, на која е очигледна интервенцијата во формата за да се постигне драматичен изглед. Годината пред нас не предвидува драматичност, барем кога станува збор за овој дел од лицето.

Грета Гарбо и Анџелина Џоли

Грета Гарбо и Анџелина Џоли

Грета Гарбо оставете ја во минатото. Се разбира, со веѓите. И Анџелина Џоли.

И да, заборавете на пинцетите и воопшто на кубењето на веѓите.

М.М

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...