Тренд: Кинеските феминистки позираат со влакна под пазувите

Новата кинеска мода меѓу феминистките е да споделуваат фотографии на социјалните мрежи на кои тие позираат со неизбричени влакна под пазувите.

kina 4

Ако се прашувате зошто тоа го прават, одговорот е дека се борат за еднаквост меѓу мажите и жените. А овие девојки знаат дека ваквата мала кампања ќе направи голем одек.

Минатиот март, десеттина кинески активистки протестираа во јавниот превоз против сексуално насилство. Сега пак нивната бројка е значително поголема, а целта е протест меѓу нееднаквоста меѓу половите. Протестот се случува преку социјалните мрежи, а станува збор за селфи фотографии од стотици кинески активистки, на кои тие ги покажуваат влакната под пазувите.

kina 1

„Жените имаат право да одлучуваат што да прават со своето тело, вклучувајќи ги и ситните детаљи како што се влакната под пазувите. Може да одлучите да ги избричите, но не треба тоа да го правите притиснати од општетсвените стереотипи“, објаснуваат кинеските феминистки.

kina 2

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...