Тренд на неделата: Апостолки од WOMEN’SECRET

Летото е во полн ек, и се што ни е потребно за уживање под сонцето, на песокот или на жешкиот асфалт, се добар чифт апостолки кои ги комбинираме со лесна „кежуал“ облека.

Во летната колекција на модната марка WOMEN’SECRET најдовме голем избор на апостолки, а овојпат ви препорачуваме модел достапен во три преубави нијанси – сина, жолта и розова.

Удобните апостолки се дизајнирани од комбинација на гума и коноп. Достапни се во продажба во WOMEN’SECRET, а доколку ги купите онлајн, на официјалната шопинг страница на FASHION GROUP – ТУКА, ќе добиете дополнителни 10 отсто попуст на веќе намалената цена!

И уште една супер вест од WOMEN’SECRET: следната недела ќе бидат достапни во продажба производи од новата колекција на популарната модна марка. Едвај ги чекаме!

Во меѓувреме, побрзајте на шопинг по апостолките кои ќе бидат вашиот најверен моден партнер во овие жешки денови.

 

x

Check Also

Тренд на неделата: Ланче со школки од PARFOIS

Школките се еден од најголемите трендови за летната сезона, па мислиме на ...