Тренд на неделата: Чанти од PARFOIS со мотив со слончиња

Преслатки чанти во различни големини со принт од слончиња најдовме во PARFOIS.

Од најмали, дизајнирани за мобилниот телефон и плик-чантички за вечерни излегувања до оние со средна величина (совршени и за на работното место), ранчиња совршени за кежуал варијанти, па се до поголеми чанти кои можат да заменат и патна торбичка.

Разубавени се со детаљот ресички, а нам пак ни личат на чантички кои носат среќа.

Погледнете го нашиот избор на неделата во фотогалеријата и побрзајте по вашиот фаворит во брендираните продавници PARFOIS.

 

x

Check Also

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија. По најавата за емитувањето ...