Празничните денови за нас се во знакот на елегантните чевли од GEOX со висока потпетица.
Трендовскиот ефект на плетка кај модните додатоци е „маст хев“ за сезоната пролет/лето 2018. Го наоѓаме на чантите, ремените и чевлите во колекциите на луксузните модни марки како и кај најпопуларните „хај стрит“ брендови.
Таков, неодолив чифт чевли, најдовме во новата колекција на GEOX.
Достапни се во продажба во две нијанси – класична црна која „оди“ со се и со сите поелегантни модни комбинации и светло-розови – кои одлично се вклопуваат со омилените „nude“ , нежни и романтични, модни комбинации.
Предниот дел е украсен со светкав детаљ, правејќи ги чевлите совршени за свечени (и празнични) пригоди и коктел-забави.
И не помалку важно – GEOX чевлите се обувки дизајнирани со врвен материјал и технологија, па нашето стапало во нив го чуствуваме удобно во текот на целиот ден. А навечер, со нив и лесно танцуваме!
Во продолжение, погледнете ги „одблизу“:
Чевлите се достапни во продажба во GEOX или нарачајте ги преку Интернет-продавницата на FASHION GROUP – ТУКА.