За тренд на неделата одбираме три неодоливи чифта чизми со аплицирани кристачиња од Bata.
Овие „џиџани“ чизмички може да ги најдете со висина до глуждовите (со висока, но стабилна потпетица), рамни а високи и рамни ниски. Сите три модели имаат специфичен, впечатлив детаљ – кристалчиња кои им додаваат нота на посебност и свеченост.
Удобни, ефектни и трендовски, кожените чизми од Bata ги одбираме за „маст хев“ обувки за празничниот период кога на светликавите модни парчиња им даваме предност. Рамните чизми ги носиме и во „кежуал“ пригоди, како и на работното место, а оние со висока потпетица ги резервираме за вечерни излегувања.
Безвремената црна боја прави лесно да се комбинираат и со „мали црни фустанчиња“ како и со џинс.
Погледнете ги во фотогалеријата.