Тренд на неделата: Цветен макси фустан Guess by Marciano (И посекси не може да биде. …)

Макси фустаните сезонава се во мода, цветовите – истотака, а кога станува збор за макси фустан со цветни дезени, модната игра се вжештува и станува уште повозбудлива.

fustan 1

 

Со овој цветен макси фустан со потпис на „Guess by Marciano“ ќе ја нагласите женственоста, ќе ја разбудите сексапилноста, и искрено – не гарантираме дека нема да се трансформирате во магнет кој ги „лепи“ на себе сите погледи, и од машките и од женските очи.

fustan 2

Погоден е и за дневни и за вечерни излегувања, во зависност од тоа како ќе го искомбинирате – со ниски „римјанки“ или  пак со сандали на висока потпетица.

Иако е доволен сам за себе, цветните мотиви секогаш дозволуваат и многу накит, па во зависност од пригодата може да си поиграте со модните додатоци.

Овој женствен, нежен и истовремено суперсекси фустан може да го најдете во Фешн енд френдс во Скопје сити мол.

И да, уште нешто, ова прекрасно парче дизајнирана ткаенина, е наш фаворит за летово, односно – не тренд на неделава туку и тренд на сите седмици кои ни претстојат до…, недоглед.

 

x

Check Also

Во Original Marines попуст до 50% на колекцијата есен/зима

Во Original Marines продолжуваат попустите. Не ја пропуштајте шансата да купите брендирано, ...