Ако за некое парче облека може да кажеме дека е вистински хит оваа пролет/лето, без размислување тоа се комбинезоните.
По нешто посебно ќе го запамтиме ова лето – по големото враќање на комбинезонките кои од модните писти молскавично брзо ги освоија улиците на светските метрополи, но и црвените ќилими на најголемите фестивали и настани.
Голем број на холивудски ѕвезди не останаа имуни на ова неодоливо парче облека кое е толку удобно за носење и моќно да го трансформира нашиот изглед од лежерен до елегантен, во зависност од модните додатоци со кои ќе го искомбинираме.
Побарајте ги овие цветни комбинезони во Springfield ГТЦ, Springfield ТЦ Рамстор, Springfield Skopje City Mall и Springfield Куманово.