Тренд на неделата: Елегантни и лежерни обувки со „брог“ шара од GEOX

Едноставни за комбинирање и во елегантни изгледи, како и во кежуал стил, овие обувки од италијанската модна марка Geox  се совршени за сезоната пролет/лето 2017.

Предноста на обувките од GEOX е што во нив секогаш стапалото „дише“, па така непријатното потење на ногата во потоплите денови сосема ќе биде избегнато.

Вистински спас се за на работното место, исклучително удобни за да го минете цел ден во нив, а при тоа да оставите впечаток на дама со вкус.

За вечерни излегувања ги комбинираме со слим-фит фармерки или со трендовско фустанче со „спуштени раменици“ или со карнерчиња.

Овие фенси обувки со „брог“ шара се достапни во продажба во продавницата GEOX во Скопје Сити мол.

 

x

Check Also

Празничен шопинг: Во Carter`s & OshKosh! попустите се сè уште во тек

Почувствувајте ја магичноста на празничниот шопинг – израдувајте ги најмилите со ново ...