Тренд на неделата: Фустан од Springfield со „згужван“ ефект

Се вљубивме на прв поглед во портокаловиот макси фустан од Springfield. На втор поглед пак, сигурни сме дека ќе си го купиме!

Софистициран а секси, елегантен но необичен, со „згужван“ ефект, овој фустан од Springfield ќе го извлече максимумот од нашата женственост. Да не зборуваме како портокаловата нијанса може да прилега на оние кои го искористиле летото и веќе „фатиле“ бронзен тен!

Неодоливиот фустан од новата, есенска колекција на Springfield е достапен во продажба во Springfield по многу пристапна цена, како и во онлајн продажба на официјалната страница на Fashion Group – ТУКА. 

Во фотогалеријата, погледнете го одблизу.

x

Check Also

На слончето на Халкбанк му треба име! Биди кум на новата маскота за Детско штедење и можеш да добиеш 10.000 ден

Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк ја претстави својата нова маскота за ...