Тренд на неделата: Фустан од SuperDry

Белите фустанчиња се најомиленото парче облека за летните горештини, па уште кога се со одличен квалитет и трендовски дизајн – имаме добитна модна комбинација!

Без размислување, за тренд на неделата го одбравме ова фустанче од суперпопуларната англиска модна марка SuperDry, која, на наше задоволство, е член на фамилијата на брендови на Fashion Group, со тоа и достапна во Македонија. Само да ве потсетиме, SuperDry е моментно една од модните марки со најголем подем во Европа, особено омилена на младите и на сите кои се чувствуваат младо. 

И како што SuperDry се држи до мотото дека дизајните и боите ја одразуваат позитивната енергија, така и во ова памучно фустанче енергично и динамично може да го поминете летото. 

Комбинирајте го со вашиот омилен моден додаток и освојте го градскиот афалт или крајбрежјето.

Фустанчето е достапно и во онлајн продажба на официјалната шопинг страница на Fashion Group – ТУКА. 

 

 

x

Check Also

Тренд на неделата: Јакна од Springfield

На прв поглед се вљубивме во оваа јакна од Springfield, достапна во продажба ...