Тренд на неделата: Фустан со флорален принт од MANGO

За потоплите, пролетни денови се одлучуваме за овој фустан со флорален принт од нашата омилена модна марка MANGO.

Фустанот има миди должина и долги ракави што го прават пригоден да може да го носиме и на работното место.

Колоритноста, и изборот на боите пак (особено на зелената), додаваат трендовски „шмек“ на секогаш елегантната црна основа.

Во зависност од тоа со какви модни додатоци и чевли ќе го комбинираме, може да добиеме повеќе модни изгледи соодветни за дневно или вечерно излегување.

Ако ние се прашуваме, би го носеле во секое време и секаде оваа пролет со чевли со умерено висока потпетица.

Достапен е во продажба во MANGO и во онлајн продажба – ТУКА. 

x

Check Also

Тренд на неделата: Жолти чизми од специјалната колекција на Timberland

За тренд на неделата дефинитивно се одлучивме за жолтите чизми дизајнирани од ...