Во новата, есенска колекција, MANGO ни носи неодоливи модни парчиња во неутрални нијанси.
Погледот ни е насочен кон три нови модни парчиња со риги во сина, бела, жолта и кафена нијанса – женствениот фустан, здолништето со миди должина и кошулата без ракави.
Нежниот, фустан-кошула, има крагњички и ремен со ефект на марама. Одличен е и за деловна атмосфера, а за дневни или вечерни излегувања, додаваме трендовски накит за wow изглед.
Со истиот принт се и кошулата и здолништето, кои можат да се носат во иста комбинација. Наборите го прават фустанот посебно шармантен и кога се носи со тесна блузичка во неутрална нијанса.
Достапни се во продажба во MANGO, како и на официјалната шопинг страница на FASHION GROUP – ТУКА.
Во продолжение, погледнете ги трите модели во фотогалеријата.