Тренд на неделата: Јакна со две лица од Levi’s

Еве како изгледа кога ќе си купите една јакничка, а добивате два модни изгледа.

Оваа кратка јакничка од Levi’s ви нуди можност за бројни модни комбинации и најсоодветно ви одговара на вашето расположение за „кежуал“ пригода. Ви треба тексас? И веќе го имате. Или пак, денес сакате да облечете фраерска бомбер јакничка во металик нијанса. Ја имате и неа.

Јакната со две лица од Levi’s е достапна во продажба во брендираната продавница Levi’s во Скопје Сити мол.

А, кога сме веќе кај омилената модна марка Levi’s, да ве потсетиме –  Новата колекција “Fresh Leaves” (дизајнирана во соработка со Џастин Тимберлејк и инспирирана од неговата музика), ќе биде достапна во продажба од октомври во селектирани продавници, меѓу кои и Levi’s во Skopje City Mall.

 

 

x

Check Also

Тренд на неделата: Жолти чизми од специјалната колекција на Timberland

За тренд на неделата дефинитивно се одлучивме за жолтите чизми дизајнирани од ...