Тренд на неделата: Комбинезон од Springfield

Преубав комбинезон од Springfield со риги и без ракави идеален за топлите денови. Толку е доволен сам по себе кога го носиме, што нема никаква потреба да се „китиме“ со други впечатливи модни додатоци. 

Умерено-отвореното деколте ја нагласува нашата женственост. Со должина е до глуждовите, па доколку го носиме со рамни сандали – ќе внесеме спортско-елегантен дух, а доколку го комбинираме со летни сандалчиња на висока потпетица – тогаш сме многу елегантни.

 

Достапен е во продажба во продавниците Springfield во Скопје Сити мол, Рaмстор мол и Т.Ц. Сума Куманово.

x

Check Also

Тренд на неделата: Ланче со школки од PARFOIS

Школките се еден од најголемите трендови за летната сезона, па мислиме на ...