Тренд на неделата: Комплет од MANGO со тропски принт

Погледнете го овој преубав комплет од MANGO со кој ќе останете забележани.

Панталоните со широк крој се со должина до над глуждовите, а блузата со долги ракави го прави пријатен за носење во пролетните денови како и во поелегантните летни вечерни излегувања. 

Тропскиот принт е толку доволен сам за себе, што може да го разубавете комплетниот изглед додавајќи само уште нежни обетки.

 

Одлично се „носи“ и со рамни сандали како и со оние на висока потпетица.

Достапен е во продажба во продавниците MANGO во Скопје Сити мол и ГТЦ.

x

Check Also

Тренд на неделата: Фармерки од линијата  #HyperFlex на Replay

Си купивме! Неверојатни се. Ако сте во потрага по одличен пар фармерки, ...