Тренд на неделата: Кожени чизми до глужд од Guess

За заокружување на секој шик зимски изглед, неопходни ни се чизмички до глуждот. И уште кога се многу стилизирани, квалитетни и кожени, помислуваме на овие чизми од Guess.

Зимава, во својата широка понуда на уникатни модни парччиња, Guess ни ги нуди и трендовските чизми до глужд со висока (но, стабилна) потпетица и ремче како детаљ со впечатлива тока.

Достапни се во продажба во мултибренд продавницата Fashion& Friends во Скопје Сити мол.  

x

Check Also

Тренд на неделата: Специјална линија на TIMBERLAND чизми

Познатото зимско сивило го „боиме“ со фантастичните, нови TIMBERLAND чизми достапни во продажба ...