Тренд на неделата: Лимитирана линија на чевли од новата колекција на GEOX

Кожените чевли од лимитираната линија од новата колекција на GEOX, достапни во продажба во продавницата GEOX во Скопје Сити мол, се сè она што ни е неопходно за оваа сезона (а секако дека ќе ги носиме и во сезоните пред нас!).

Дизајнирани по принципот на препознатливата врна технологија на GEOX, овие трендовски чевли со интересна потпетица, се удобни за носење од утро до вечер. Ги носиме и на работното место со костум или сукња, но подеднакво се погодни и за полежерни модни комбинаци на пример, супервпечатливи се со „добри“ фармерки.

На нашата листа на желби ги ставаме на првото место, поточно, потребни ни се сега и веднаш (додека ги има на залиха).

 

x

Check Also

Тренд на неделата: Секси моден изглед, блузичка и панталони со флорален принт од GUESS

Модна комбинација за летните денови која ќе ги собере сите погледи. Дизајнерите ...