Тренд на неделата: Ранци од Superdry

Со почетокот на септемвриската сезона, ранецот е најпотребен моден и практичен додаток. А, за да ви го олесниме талкањето низ градските продавници, ние веќе ѕирнавме во излогот на брендираната продавница Superdry, лоцирана во Скопје Сити мол, и ги најдовме најфраерските модели.

Со овие, најшизички ранци, ќе бидете подготвени (ама и модерни) за на училиште, факултет или работа.

Освен привлечните дизајни, предноста им е во тоа што се издржливи и водоотпорни, имаат меки прерамки, преграда за лап топ и различни додатоци.

Побрзајте во продавницата Superdry, а во меѓувреме, погледнете во „онлајн“ продавницата – ТУКА.

x

Check Also

Тренд на неделата: Фармерки од линијата  #HyperFlex на Replay

Си купивме! Неверојатни се. Ако сте во потрага по одличен пар фармерки, ...