Тренд на неделата: Сандали од GEOX

Сините сандали од колекцијата пролет/лето 2019 на GEOX се наша љубов на прв поглед!

Дизајнирани од 60 отсто кожа, трендовските сини сандали од GEOX се се што ни треба за оваа пролет/лето. Ги носиме и со фармерки и со лелеави фустанчиња, на работното место и за „кежуал“ излегувања, а благодарение на стабилната (висока) потпетица во нив се чувствуваме комфорно од утро до вечер.

Самите потпетици и платформа се вистински украс во „живи“ нијанси.

Матурантки, доколку сакате да покажете дека имате вкус и стил, а при тоа сте го сочувале вашиот младешки дух, ставете ги овие сандали на врвот на вашата шопинг листа за матурската прослава!

Достапни се во продажба во GEOX како и на официјалната онлајн страница на Фешн Груп – ТУКА. 

 

x

Check Also

17 нови Барби-кукли дизајнирани според ликовите на инспиративни жени

Цели 58 години популарните кукли Барби ја промовираат модата и модните трендови, ...