Тренд на неделата: Светкави сандали од Parfois

Во претпразничните денови се одлучуваме за два чифта сандали од Parfois кои се идеални за празничната атмосфера. 

Првите – црни со светки, впечатливо ремче и полна потпетица која ги прави погодни и за танцување.

cevli-2

Ги комбинираме со мал црн фустан или пак, со диско-фустанче со светки, но одлично се надополнуваат и со свечени панталони.

cevli-1

Вторите сандали се во хит-нијансата за 2017 година, која доминираше и во годината која изминува.

cevli5

Златните сандалчиња, како вистински скултури на нозете, се надополнуваат со сите елегантни комбинации. И нивната потпетица е полна што ги прави и удобен избор во најдолгата ноќ во годината.

Сандалите се достапни во продажба во продавниците Parfois во Скопје Сити мол и Рамстор мол.

 

 

x

Check Also

Трифантино, убавини за најмалите и најмилите

Колку љубов е потребно за да се создадат овие убавини?! Кога срцето ...