Тренд специјалитет за весело друштво: Палачинки полнети со шунка и печурки

Палачинки! А кој не ги сака? Оние благите подобро е да им ги оставиме на децата, а за вашите гости подгответе го превкусниот специјалитет на солени палачинки полнети со шунка и печурки.

palacinka2

 

Не ви треба посебна вештина во кујната, брзо се подготвуваат и одлични се за мезење во друштво со чаша бело вiно.

Од намирници се потребни – 200 грама брашно, 2 главици кромид, 2 лажици масло за јадење, 200 грама свежи шампињони, 200 грама варена шунка, 1/ 8 литар млеко, 1/ 4 литар вода, 1/ 2 чаша бело вино, 3 јајца, 1 лажица доматно пире, магдонос, црн пипер, сол, морско оревче.

Подготовка

Брашното ставете го во сад и измешајте го со јајцата, млекото, водата, солта и морското оревче. Замесете тесто. Исчистениот кромид исечкајте го и малку испржете го во маслото за јадење. Исчистете ги шампињоните и сечкајте ги на кругови. Шунката исечкајте ја на коцкички и додадете ја во кромидот. Додадете ги исечканиот магдонос, црниот пипер, доматното пире и белото вино.

Се тоа пржете го две минути.

Испржете ги палачинките и оставете ги на топло место. Филувајте ги со подготвениот фил. Сервирајте ги со павлака.

 

x

Check Also

Божиќно прасечко во пиво

За уште повкусна божиќна трпеза подгответе го крцкавото прасечко како вистински гастрономски ...