Вечерни тоалети | Кој е трендот за ЛЕТО 2020

Откако помина само месец од почетокот на зимата, ги претставуваме летните трендови. Да се стоплиме овие студени денови мислејќи на летните ноќи. Тие се топли, инспиративни, романтични и дотерани со совршените вечерни тоалети на Зухаир Мурад.

Како и секогаш, фантастичниот дизајнер изненадува со своите креации, а лансирајќи ја новата колекција на вечерни тоалети, секоја жена ќе ги посакува овие софистицирани модни парчиња во својот гардеробер. Префинети, елегантни, величенствени, секси… креации кои го привлекуваат вниманието и прават да се чувстувате магично.

Дизајнерот Мурад одбрал црно-бели тонови кои се збогатени со асиметрични детали и миди должини на фустани, пастелни тонови на розова и сина боја збогатени со тул детали и карнери. Ќе забележите тантелни тоалети и тоалети со везови, како и впечатливи креации во страсно црвена, сончево жолта и кралско сина боја, а дополна на колекцијата се игривите креации кои се изработени од светликави материјали.

 

 

x

Check Also

Чиста рерна е тајната на вкусните и квалитетни оброци, а рерната која се чисти сама е сон на секој готвач

 Најновата Samsung NV7000N двојна рерна е кујнски моден додаток кој секој би посакал ...