Трендот 000 – застрашувачка опсесија

Не така одамна конфекцискиот број 38 се сметаше дека е наменет за витки девојки, потоа добар дел од славните витки девојки „влегоа“ во 36-ка, па во 34-ка. И продолжија понатаму.

00011

Денес е модерно да се облече облека со таканаречена тројна нула, конфекција која не се наоѓа во одделенијата за возрасни туку за девојчиња.

Со други зборови за да „влезете“ во т.н „000“ треба да имате обем на струкот – 58 сантиметри или помалку од тоа. А таков струк имаат на пример девојченца од околу 8 години.

Светските ѕвезди го исфорсираа овој тренд, но секако не се исклучува ни вината на модната индустрија. На пример моделот, водителка и уредник во британскиот Вог, Алекса Чанг, е една од припадничките на оваа група вљубеници во супертенкиот струк. Тука се и глумицата Кејт Босворд, Џули Боуен како и трендсетерката Никол Ричи, а да не зборуваме за познатите „костури“ кои се форсираат на модните писти и насловните страници. Застрашувачко.

 

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...