Трендови на коса: Фризурата „shaggy“ се врати на голема врата

На модната сцена се враќа таканаречената shaggy hair техника на шишање, која беше хит во 70-те години.

Фризурата shaggy подразбира слоевито ишишана коса која може да биде во различни должини. Предноста на оваа техника е што на тенката коса и дава волумен, а го освежува и подмладува изгледот, „отворајќи“ го лицето. Дека никој не остана имун на овој тренд во 70-те години, доказ е и фактот дека оваа фрузра ја носеше дури и Мик Џегер, а сигурно се сеќавате дека ја носеше и Џенифер Анистон во серијата Пријатели.

Интересно е што фризурата го добила името по ликот од цртаниот филм „Скуби Ду“, Шаги Роџерс, кој инаку е препознатлив по разбушавената коса.

x

Check Also

Топ 3 креми против целулит, достапни на европскиот пазар, кои навистина делуваат

Секоја година на козметичкиот пазар се појавуваат нови креми за борба против ...