Трендови на коса: Микро шишките се најжешки во 2019

Стилистите веќе го најавија најголемиот тренд на коса за тековната 2019 година. Станува збор за шишки кои се покуси од класичните, а ги нагласуваат веѓите и ги „отвораат“ очите. Тоа се таканаречените бејби шишки, односно микро шишки.

Трендот веќе доживува популарност на социјалните мрежи. Голем број на девојки кои ги следат модните трендови веќе ги покажаа своите „бејби“ шишки кои изгледаат како штотуку да „израснале“, а дополнително носат ретро шарм. Да се потсетиме „бејби“ шишките беа популарни одамна, благодарение на Одри Хепберн, а сега такви шишки може да видиме и кај моделот Џордан Дан, глумицата Руни Мара и моделот Вини Харлоу.

 

x

Check Also

„Медена земја“ се прикажува во 24 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) низ Македонија продолжува со нови датуми ...