Трендовите на машките костими за капење за лето 2017 се сведуваат на два модели – слип гаќички или бермуди за капење. Принтовите пак се многу понагалсени за разлика од моделите од изминатите години. Кај луксузните модни марки доминираат логата – лого како натпис или лого како знак.
Подеднакво популарни се моделите со нагласен животински принт, па дури и принт од животни како кај моделите од актуелната колекција на Гучи.
Живите бои на слип гаќичките се исклучително модерни, па така популарни се костимите за капење во портокалова или нагласена светло-сина боја.
Како и кај женските костими за капење, така и за мажите моделите со принт од ѕвездички се вистински летни ѕвезди.
Доколку сте во потрага по трендовски костим за капење, инспирирајте се од галеријата и од тоа што ни го диктираат луксузните модни марки.
- версаче
- версаче
- москино
- живанши
- гучи
- гес
- ла перла
- келвин клајн
- долче габана
- етро