Трендови за на плажа од Calzedonia

Моделот Мишел Басвел ги презентира трендовите за на плажа сугерирани од марката Calzedonia во мајското издание на списанието „Вог“.

На насловната страница Басвел позира во бел едноделен костим за капење во комбинација со впечатливи бели обетки.

Едноделните костими со врвци се хит за сезоната за на плажа, а оние кои ги сакаат дводелните костими за капење – тука се интересните модни парчиња со везени детаљи.

Од модните додатоци, шапките се во прв план, додека топовите кои се носат над костимите се со трендовски карнерчиња.

 

x

Check Also

Како и со што заведува вашиот хороскопски знак

Прочитајте какви заводници сте и со што сте надарени да заведувате. Овен ...