Трендовски костими за капење за лето 2018 од Mango, H&M и Zara

Време е полека да почнеме да се подготвуваме за најубавиот период од годината – летните одмори. Одберете си го вашиот нов, трендовски костим за капење на време.

mango

Убава понуда на едноделни костими за капење најдовме во летните колекции на модните марки Манго, Х&М и Зара.

Во колекциите доминираат популарните модели со полка точки, додека цветните принтови и понатаму се незаобиколни.

Женствените костими за капење овојпат имаат и модерни, силни бои, но секако и црните, елегантни класици остануваат во игра.

Во фотогалеријата, погледнете ги нашите фаворити на едноделни костими за капење за долгото, топло лето 2018.

 

x

Check Also

Листа на желби: Карирани чевли од BERSHKA за есен 2018

Карираните материјали и принтови остануваат актуелни и оваа есен. BERSHKA во есенската ...