Трендовски модели на високи чизми од Mango

Време е да почнеме да размислуваме за чифт добри високи чизми, нели? Ги има во Манго!

Манго чизми од говедска кожа

И во колекцијата есен/зима 2018/19, шпанската модна марка Манго ни донесе трендовски обувки, меѓу кои високите чизми се во центарот на нашиот интерес.

Во зависност од стилот, може да одбереме класични црни чизми со висока и тенка потпетица (прекрасно стојат и со тесни фармерки!), популарен модел на чизми со „анимал“ принт или во бела боја, рамни чизми со висина над колениците, елегантни кафени чизми со стабилна потпетица во кои пријатно ќе се чувствуваме од утро до вечер…Наш фаворит за сезоната на постудени денови се црните чизми од говедска кожа.

Повелете шопинг инспирација во фотогалеријата.

x

Check Also

Стопи се од попусти до -70% во Капитол мол

Нашето секојдневие е исполнето со обврски заради кои имаме помалку време за ...