Трендовски велигденски јајца декорирани со свила

Декорирајте ги велигденските јајца на моден начин.  Потребни ви се само парченца свила за да направите разиграни декорации на украсните јајца.

svila 1

За да ги направите овие интересни велигденски јајца, потребно ви е:

Свежи јајца

Свилени марами, вратоврски или други видови на свила – задолжително во некои шарени и весели бои (да се обрне внимание на етикетата, треба да биде 100% свила)

Конец со кој ќе ја закачите свилата околу јајцето

Парче бело платно (со големина колку да може да се завитка јајцето). Може од стара бела крпа или навлака за перница.

Лонец, вода и оцет.

svilla 3

Подготовка

Декорирањето е многу едноставно: јајцата само завиткајте ги во парченца свила, а потоа завиткајте ги во бело парче платно.

Така завитканите јајца ставете ги во лонец со вода во кој ќе додадете половина филџан оцет. Варете ги јајцата 20-на минути. Потоа ставете ги на картон или крпа да се изладат. Кога сосема ќе се изладат одвиткајте ги,  ве чeка супер изненадување.

svila 8

Напомена – Ако употребувате за ова постапка свилена вратоврска, треба прво да ја отшиете, за да дојдете до чист свилен материјал, без постава. Земете предив јајцата да ги завиткате на тој начин што „лицето на материјалот“ ќе биде од страната на јајцето кое го завиткувате.

x

Check Also

Помеѓу науката и технологијата: Нови иновативни производи како подобро решение за пушачите  

  Долго очекуваниот крај на 2020-та година, година која популарно е прогласена ...