Омбре стилот на боење на јајца годинава е надвладеан од пругастиот, исто како што е случајот со гардеробата. Пругите се изборија повторно за своето „парче сонце“ под ведрото пролетно небо.
Прво, сварете ги јајцата и оставете да се изладат и исушат. Потоа, завиткајте ги јајцата со ластичиња во различни бои , на неколку места. Употребете 5 до 10 ластичиња за едно јајце.
Таквото јајце потопете го во боја и обоите го на вообичаениот начин, а потоа оставете го да се исуши.
Откако сосема ќе се изладат, од јајцата отстранете ги ластичињата. И ќе добиете велигденски јајца со пруги.