Олгица Ѓоргиева

Трет ден Моден викенд во знакот на нови таленти и етаблирани дизајнери

На третиот моден ден во рамките на есенскиот Моден викенд дебитираа четири имиња а вечерта заврши со ревиите на дизајнерките Ирина Тошева и Олгица Ѓоргиева, вчера во салонот „Ауди-Порше Македонија“.

 

Од ревијата на Ирина Тошева

Од ревијата на Ирина Тошева

На пладневна ревија , беше прикажана колекција за деца од модната продавница „Софиленд“ за сезоната есен/зима 2014/2015 година, од повеќе американски брендови.

На ревијата гостуваа и децата од Здружението за деца со Даунов синдром „Трисомија 21“ од Скопје.

Вечерните ревии започнаа со колекцијата на дизајнерката Андриана Динева која подолго време твори под етикетата „Куфер“ („Kufer“) но за прв пат се претставува на Моден викенд Скопје. Динева ја претстави колекцијата „Timeless“ за есен/зима 2014/2015 година.

 

Андриана Динева

Андриана Динева

„Колекцијата Тајмлес (Timeless) зборува за самоуверена жена, која не е определена одтековните тенденции. За храбрата жена што секогаш знае да ја помести границата на она што се нарекува женственост, жена што не прави компромиси и жена што верува во безвременска класика“, вели Динева.

mv adriana 3

mv adriana 2

Своето деби на Моден викенд го имаше и модната куќа „Хера“ („Hera“). „Овој пат се посветивме на фустаните за романтична вечер, направени со материјали што обезбедуваат чувствителност и нежност, а карактеристичен е сјајот на кристалите и мекоста на пердувите“, велат од „Хера“ („Hera“).

 

Хера

Хера

mv hera 2

mv hera

 

Од младиот Златко Јовановски кој се потпишува зад „JZJ by Zlatko Jovanovski“ посетителите видоа колекција за актуелната сезона, инспирирана од славниот уметник Микеланџело, наречена по неговото истоимено дело „Страшниот суд“. Во богатата палета тонови преовладуваат пастелните, особено давајќи драматичност со белата боја.

од ревијата на Златко Јовановски

од ревијата на Златко Јовановски

mv zlarko

mv zlatko 2

 

Вечерта ја заокружија ревиите на веќе познатите дизајнерки Ирина Тошева поддржана од „My:Time“ и Олгица Ѓоргиева поддржана од „Oxette“.

 

од ревијата на Ирина Тошева

од ревијата на Ирина Тошева

mv irina 4

 

„ Зебрата е употребена како симбол на индивидуалност и ни открива дека колекцијата е наменета за оние што се во постојано движење и имаат желба да се разликуваат од околината. Токму тие умеат да ги слушнат своите инстинкти и да изгледаат онака како што се доживуваат однатре .“, вели за својата колекција Тошева.

Од ревијата на Олгица Ѓоргиева

Од ревијата на Олгица Ѓоргиева

Олгица Ѓоргиева за најновата колекција наречена „Complete your puzzle“ за есен/зима 2014/2015 година, вели дека е минималистичка, женствена но и безвременска, составена од секојдневни носливи парчиња но и елегантни фустани.

mv olgica 3

Во шоурумот на „Ауди –Порше Македонија“ вчера и денес ќе биде изложена колекцијата ексклузивен накит изработен од сребро, дрво и полускапоцени камења од „Илина Дизајн“ („Ilina Design“) и изложбата на фотографији од Ребека Рој, позната британска стилистка и модна уредничка од Лондон. Станува збор за селекција од 20 фотографии создадени во соработка со некои од најбараните светски модни фотографи со кои соработувала Рој.

x

Check Also

12 „кежуал“ модни парчиња од Springfield вредни за внимание

Се подготвуваме за зимската сезона со лежерни модни парчиња од омилените – Springfield. ...