Трет европски филмски предизвик – победникот ќе оди на филмскиот фестивал во Венеција

European Film Challenge е иновативна платформа, што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја афирмира европската кинематографија

Третиот европски филмски предизвик #EuropeanFilmChallenge започна на 10 јуни и ќе трае до 12 август, a победникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на Интернационалниот Филмски Фестивал во Венеција во септември 2020.

Учесниците можат да се вклучат во предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/ и во период од 10 недели да изгледаат 10 или повеќе европски филмови на репертоарот во кино салите, во рами на локалните филмски фестивали,  на телевизија или на некоја од легалните видео – стриминг платформи (VoD). Своето искуство треба да го споделат со тоа што ќе направат фотографија од својот билет, или ќе се сликаат гледајќи го филмот дома или со друштво. Фотографиите ги споделуваат на социјалните мрежи под хаштаг #EuropeanFilmChallenge со што, стануваат потенцијални победници во првиот предизвик.

“Третиот European Film Challenge ќе биде вистинско летно доживување за македонската филмофилска заедница. Учесниците во предизвикот ќе се поврзат со европските филмови преку алатките за дигитални комуникации, European Film Challenge MK на Facebook и веб  платформата за регистрација, но предвидени се и настани и филмски проекции под отворено.  Остваривме соработка со Beach Film Festival и во рамки на програмата на фестивалот ќе се дружиме во Охрид, како и на една локација во Скопје која наскоро ќе ја објавиме. За љубителите на европскиот филм, повторно креиравме Online соба на македонската VoD платфрома Cinesquare, со избор на 10 европски филмови кои публиката може да ги гледа бесплатно, едноставно со внесување на кодот EFC_Cine.“ – соопштуваат организаторите.

European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали – Берлинале, Кански Филмски Фестивал и Венеција Филм Фестивал.

Во првиот European Film Challenge – Berlinale победи Моника Зафировска, а во European Film Challenge – Cannes победи Христијан Трајковски.

Проектот го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21, со поддршка од програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската Филмска Индустрија.

x

Check Also

Среќен код за незаборавен викенд во Швајцарија

Ако сте фан на патувањата, авантурите и сакате да истражувате нови дестинации ...