Трета среќа: Скарлет Јохансон и Колин Џост се верија

34-годишната глумица Скарлет Јохансон се вери со нејзиниот колега – глумец, комичар и писател Колин Џост (36).

Јохансон и Џост се забавувале две години пред да ја донесат оваа одлука. Неодамна заедно се појавија и на црвениот тепих на премиерата на филмот Avengers: Endgame, во кој глуми Јохансон.

За Скарлет Јохансон ова ќе биде трет брак, а прв за Џост. Претходно, таа беше во брак со францускиот новинар Ромен Дуриак, со кого има ќерка, а по него – со глумецот Рајан Рејнолдс.

Сеуште не е одреден датумот на венчавката.

x

Check Also

Ријана во секси фотосесија за празничната кампања на Savage x Fenty 

Празничната кампања на Savage x Fenty е насловена Xtra VIP кампања.  Пред сезоната ...