Трговскиот центар Капитол мол во Скопје со скратено работно време

Врз основа на препораките на Министерството за здравство како и одлуките на Владата на Република Македонија, Трговскиот центар Капитол мол воведува скратено работно време од 11:00 до 19:00 часот.

Според настаните и состојбата во Република Македонија, новото работно време започнува од  14.03.2020 година. Промената на работно време ќе остане сѐ додека Владата не донесе одлука за работата на трговските центри во државата.

Заради потребите на граѓаните маркетот и аптеката во Капитол мол остануваат да работат со редовно работно време од 08:00 до 22:00 часот.

Од Капитол Мол упатуваат апел за општествено и одговорно однесување на посетителите во интерес на јавното здравје.

 

x

Check Also

Ова е хит фустанче од ZARA, на Инстаграм е ѕвезда

Розовото фустанче од новата колекција на Zara стана хит на Инстаграм. И ...