Три чекори против нерасположението: Внесете бои во студените денови!

Парче шарен накит, гумени чизми во силна боја или жолта чанта се доволна причина да се насмеете и да изгедате расположени во текот на есенските и зимски денови.

Бојата на гардеробата влијае на расположението. Научно е докажано дека во студените денови сме полошо расположени бидејќи на себе носиме темни бои. Но лесно може да се промени се…

canta 3

1. Почнете од накитот

Накитот не мора да биде во иста боја со вашата гардероба. Напротив, ако гардеробата е темна, може да ставите една голема шарена нараквица на раката или пак ѓердан со силна боја околу вратот. Но кога сме веќе кај нараквицата, еве еден трик со волшебна моќ врз вашето позитивно расположение. Кога на ум ќе ви падне темна мисла, преместете ја нараквицата на другата рака, и секогаш кога во текот на денот ќе ви доаѓа по една лоша мисла преместете ја нараквицата од едната на другата рака. Ќе забележите дека првиот ден тоа преместување ќе биде во неверојатна бројка, можеби и дваесетина пати. Вториот ден неколку пати помалку, а за пет дена до една недела, преместувањето ќе се сведе на само два три пати. Ваквиот позитивен тренинг на умот ќе ви ги исчисти сите негативни мисли за помалку од 10 дена, и тоа благодарение на една обична светла нараквица!

canta 22

2. Гумени чизми во силна боја

Гумените чизми остануваат во тренд и оваа есен/зима. Не само што се практични и лесни за носење, доколку одберете чифт во силна боја или шарени значително можете да си го подобрите располжението. Излозите на продавниците за обувки низ градот се весели од вакви чизмички. Што чекате?

canta 1

3. Жолта чанта

Може да ја комбинирате со накитот во боја. И запомнете, жолтата чанта не асоцира на лето, туку на радост! Зошто тогаш неправедно мора да ја нарекувате „летна“?

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...