Три ефикасни рецепти со лимон против целулит

Три ефикасни рецепти кои помагаат во борбата против упорниот целулит.

Лимон и мед

Помешајте сок од половина лимон, 5 лажици мед и 2 лажици морска сол. Со добиената смеса тријте ги критичните делови од телото кадешто е појавен целулитот. Освен забрзување на циркулацијата истотака ќе направите и голема услуга на својата кожа. Смесата нанесете ја на кожата, покријте ја со чиста крпа, прекријте ја потоа со фолија и оставете да делува половина час. Отстранете ја со туширање.

Лимон, грејпфрут и ѓумбир

Напивка која помага за намалување на целулитот, а се подготвува едноставно. Го забрзува метаболизмот, ги исфрла токсините од телото, го регулира нивото на шеќер во крвта и спречува насобирање на вода во телото, а со самото тоа го спречува и настанувањето на портокалова кора на кожата.

Потребно е – 1 грејпрфут, 2 лимона, 1 портокал и парче ѓумбир. Овошјето исцедете го, а ѓумбирот изрендајте го. Сокот помешајте го, а пијте од него наутро.

Лимон и зелен чај

По секое јадење испијте филџан зелен чај со половина исцеден лимон. Помага за брзо варење на храната во организмот и за елиинирање на токсините и течностите кои се главни виновници за создавање на целулит.

x

Check Also

Light Blue Sun – Нов парфем од Dolce & Gabbana за жени и мажи

Џенаро Лилио и прекрасната Џулија Маенца се лица на рекламната кампања за ...