Tри намирници од кои може да чувствувате замор

Ако се чувствувате уморно во текот на денот, а сигурни сте дека добро сте се наспале и не сте прославувале ништо синоќа, потстетете се што сте јаделе пред да одите во кревет.

Од некои намирници чувствуваме голема енергија во текот на денот, но пoстојат и намирници кои не треба да ги јадеме пред спиење зашто следниот ден може да чувствуваме замор.

Еве кои три намирници треба да се избегнуваат пред да одиме во кревет бидејќи ни ја „одзимаат“ енергијата.

namirnici 3

Бел леб

Ако одберете леб со висок гликемиски индекс, како што е белото брашно, големи се шансите да почувствувате умор следниот ден. Овие намирници немаат доволно влакна па оттука и не добивате доволно енергија за денот.

namirnici 2

Црвено месо

Бифтекот, хамбургерот и шницлите спаѓаат во тешко месо и може да направи да се чувствувате преморени. На црвеното месо му е потребно многу време за да се свари во организмот, па целата телесна енергија оди на тоа. Наместо вакви намирници изберете риба која е bогата со Омега 3 или бело пилешко месо кои докажано делуваат на подобра работа на мозокот.

namirnici 4

Слатки

Колаче после ручекот е во ред, но навечер никако. Големата количина на шеќер во крвта го активира лачењето на инсулин што понатаму влијае на преголемо излачување на амино-киселини во мозокот, а тоа пак прави да се чувствувате уморни и поспани.

x

Check Also

Забарите откриваат: како да ја намалите штетата на вашите заби предизвикана од пушењето?

Убавата насмевка е најчесто првото нешто кое го забележуваме кај некоја личност. ...