Три намирници кои можат да ја заменат вашата чекткичка за заби

Уште од мали нозе не учеа дека забите треба да ги миеме после секој оброк. Но не сме секогаш во прилика после јадење детално да си ги измиеме забите на класичен начин. Затоа, овие три намирници треба да ви бидат секогаш при рака зашто ја заменуваат четкичката за заби и пастата.

Јаболка

Фосфорот, калциумот и флуорот кои се наоѓаат во јаболката спречуваат развој на кариес. Докажано е дека ова овошје подобро ги чисти забите од било која четкичка, делувајќи двојно – механички и физички. Освен тоа причини да изедете секој ден по една јаболка има многу.

Свеж морков

Со џвакање на морков се стимулира производството на плунка која помага во отстранување на заостанатата храна. Освен тоа, влакната од морковот делуваат како четкичка за заби. Плус, морковот е еден од најбогатите извори на провитаминот А, вклучувајќи го и алфа каротенот и бета каротенот, па позитивно делуваат на видот и имунолошкиот систем.

Целер

Ги штити забите на два начина. Прво, со џвакање ги неутрализира штетните бактерии кои предизвикуваат кариес. А второ, продира меѓу забите, ги масира непцата и ја чисти усната шуплина. Дополнително е тоа што е извонеден извор на витамин Ц кој е значаен фактор за зајакнување на имунитетот.

x

Check Also

Два нови женски парфеми од Versace -Dylan Blue и Dylan Turquoise

Водечките имиња во светот на моделството, Бела Хадид и Хајли Болдвин, позираат ...