Три неодоливи рецепти со тиква совршени за студените денови, но и за празничната трпеза

Совршена за студените денови – со тиква може да ги подготвиме нашите најомилени јадења и при тоа да им додадеме нова превкусна нота.

Пробајте ги овие три специјалитети со тиква кои совршено одговараат и на празничната новогодишна и божиќна трпеза.

sl-2

Макарони со тиква

Потребни намирници – 350 грама макарони (или шпагети), 500 грама тиква, 300 грама кромид, 60 грама Пекорино сирење, 200 мл бело вино, 2 лажици маслиново масло, малку сол и црн пипер.

sl-1

Подготовка – Ставете шест лажици маслиново масло во тава и кога ќе бидат затоплени додадете го исечканиот кромид и исечканата тиква. Гответе на тивок оган додека тиквата и кромидот омекнат, посолете и додадете го виното, па гответе ги заедно уште 5 минути. Во меѓувреме, сварете ги макароните/шпагетите, а штом бидат готови, малку од водата во која се вареле додадете на сосот од тиква и кромид и убаво измешајте. Потоа спојте ги шпагетите/макароните со сосот сервирајте во чинии и одозгора изрендајте пекорино и наросете малку црн пипер.

Грав со тиква и пилешко

Потребни намирници – грав (од конзерва), тиква, пилешки гради, пиво, лук, сол и црн пипер.

sl3

Подготовка – На маслиново масло во тавче на тивок оган ставете исечкан лук, додадете ги исечканите пилешки гради (на ситни коцки) и пропржете ги додека заруменат. Додадете 200 мл пиво, потоа додадете го гравот од конзерва и исечканата тиква на коцки, посолете и зачинете со црн пипер. Гответе додека тиквата и гравот станат меки, а доколку е потребно додадете малку вода.

Рижото со тиква

Намирници – 150 г тиква, 100 г овчо сирење, 1 чешне лук, 200 мл бело вино, 1 лажичка мелен мак, 2 лажици семки од тиква, 4 лажици маслиново масло,300 грама ориз, бујон од зеленчук, сол и црн пипер.

sl5

Подготовка – Пропржете го лукот во загреана тава на маслиново масло па додадете го оризот и кратко динстајте додека да добие боја. Полејте се со бело вино, па додадете ја тиквата исечкана на мали коцки.Се добро измешајте и варете се додека не испари виното. Потоа додавајте од бујонот мешајќи додека оризот не се свари. Пред крајот зачинете, додадете ги сирењето и макот па се добро измешајте. Поросете со исечкани семки од тиква и послужете топло.

x

Check Also

Места на кои никако не треба да се чува зимницата

Дури и совршено подготвената зимница во добро стерилизирана тегла може да се ...