Три нови најдобри диети според U.S. News & World Report

Секоја година U.S. News & World Report заедно ја објавуваат листата на најдобри диети, а годинава на неа се најдоа три диети за кои веројатно не сте слушнале.

Флекситаријан диета

Самото име покажува дека станува збор за комбинација од флексибилен и вегетеријанец. Во основа, оваа диета се базира на вегетеријанска храна, но дава можност од време на време да се почестите со хамбургер или пилешки крилца. Флекситаријанците јадат 5 основни намирници – протеини (тофа, грав и леќа), овошје, зеленчук, шеќер и зачини. Ако се одлучите за оваа диета секој ден треба да го следите планот 3-4-5: 300 калории за појадок, 400 за ручек и 500 за вечера, плус 2 x 150 калории за меѓуоброк (грицки). На луѓето им се допаѓа оваа диета зашто е флексибилна. Најдобра е за оние кои сакаат јасно дефинирани диети.

Еко-Аткинс диета

Оваа диета е многу слична на популарната Аткинс диета, се фокусира на мал внес на калории, а голем внес на зеленчук. наместо мрсна храна, како месо и сирења, оваа диета предвидува дневен внес од 31 процент на зеленчук богат со протеини, 43 проценти на зеленчук богат со масти, а преостанатите 26 проценти се јагленохидрати. Оваа диета е омилена на веганите, но дозволува да се јаде и риба, бело месо и млечни производи. Луѓето ја сакаат зашто е лесна и поздрава од Аткинс диетата. Сепак, Еко-Аткинс диетата е рестриктивна, исклучува „лоши“ јагленохидрати и црвено месо.

Диета базирана на сирова храна

За време на оваа диета се конзумира само сирова храна, односно храна која не е варена ниту на било-кој друг начин обработена. Вклучува сирово месо, жива риба, сирење направено од сирово млеко. Одлична е за брзо губење на килограми. Луѓето ја сакаат оваа диета поради тоа што е модерна, носи зен момент (ја промовира природната храна), а единствена мана е што храната треба сами да ја правите бидејќи ресторани кои служат сирова храна речиси и нема.

x

Check Also

Не е се до цената: Како да препознаете и купите квалитетно маслиново масло

Ги знаеме здравствените предности на маслиновото масло и секако сакаме да одбереме ...