Три посни и здрави колачи за празникот Свети Никола

Дегустирајте поинакви посни десерти за празникот Свети Никола. Ние ви предлагаме три превкусни рецепти кои се воедно и здрави.

posn1

Панфорте

Прекрасен италијански посен колач кој дава свечена нота на трпезата.

Потребни намирници – 150 грама шеќер, 80 грама брашно, 150 грама мед, 200 грама суви смокви, 100 грама печени лешници, 125 грама бланширани бадеми, 100 грама посна црна чоколада, рендана кора од портокал, шеќер во прав, по прстофат ѓумбир, мускатно оревче и цимет, посен маргарин.

Подготовка

Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и премачкајте ја со посен маргарин. Во сад ставете го брашното, додадете ги зачините, целите лешници и бадеми, иситнетото чоколадо, ренданата кора од портокал и сечканите смокви, па добро измешајте. На умерена температура истопете ги медот и шеќерот, гответе пет минути без мешање. Карамелот прелијте го преку припремената смеса, брзо промешајте, претурете ја смесата во тавата за печење и изравнете ја со лажица. Печете во рерна на 150 степени околу половина час. Колачот изладете го, попрскајте го со шеќер во прав, завиткајте го во пластична фолија и оставете го да отстои во фрижидер.

Колач од моркови и индијски ореви

Овој вкусен и здрав посен колач доаѓа од Индија и Тибет, но бргу го освои светот.

posn2

Потребни намирници – 200 грама рендан морков, 300 грама шеќер, 50 грама индијски ореви, 50 грама суво грозје, малку кардама во прав, коцка посен маргарин, индијско оревче за украсување.

Подготовка

Индијските ореви и сувото грозје испечете ги во тавче кое претходно сте го премачкале со посен маргарин. Во сад истопете го шеќерот, додадете го изренданиот морков, па гответе 30 минути на умерена температура со постојано мешање. Кога течноста потполно ќе испари, додадете ја коцката посен маргарин, кардамата во прав, печеното суво грозје и индијски ореви, уште еднаш промешајте и потоа тавата тргнете ја од ринглата оставајќи да се излади.

Друга тава обложете со мрсна хартија и ставете ја кашата од моркови. Изравнете ја со помош на лажица, оладете ја и исечете на парчиња (коцки), украсете со индисјки оревчиња и сервирајте.

Бадем-бомбици

Здрави бомбици со бадеми и овошје за кои секогаш бараме репете.

posn-3

Потребни намирници – 4 портокали, 150 грама бадеми (плус 100 грама бадеми за тркалање на бомбиците), 150 грама шеќер, 1 јаболко.

Подготовка

Измијте ја добро кората од портокал, исчистете ја и обарете ја во вода. Кога водата ќе зоврие, фрлете ја водата, ставете свежа вода, и повторно варете се додека корите не станат сосема меки. Исцедете ги и оставете ги да се изладат, а потоа измелете ги. Добиената смеса помешајте ја со шеќерот, мелените бадеми и изренданото јаболко. Смесата мешајте ја додека не стане ремномерна, па потоа оставете ја да се излади. Формирајте бомбици и секоја протркалајте ја во мелените бадемчиња.  Оставете ги бомбиците на ладно да се стврднат.

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...