Три природни маски од јаготки за младешко лице

Јаготките како состојки ќе ги најдете во повеќе козметички производи поради нивните антиоксиданси. Маските за лице од јаготки може да ги набравите дома, а резултатот е блескава кожа и младешко лице. Се препорачуваат и за млада и мрсна кожа и за решавање на проблемот со акни.

jagotki 3

Јаготки и мед

Неколку јаготки изгмечете, и потоа додадете 1 лажица мед. Смесата добро измешајте ја, па нанесете ја на чисто лице. Оставете да делува 20 минути, па отстранете ја со млака вода.

Јаготки и лимон

Ова е една од најдобрите природни методи за нега на кожата. Комбинацијата на лимон и јаготки е одлична за лицето. Направете пире од јаготките, потоа исцедете 1 лимон и помешајте. Нанесете ја смесата на лице и оставете да делува 15-на минути. Отстранете ја со млака вода.

Јаготки и јогурт

jagotki 1

Изгмечете ги јаготките и помешајте ги со 1-2 лажици јогурт. Смесата нанесете ја на лицето и на вратот и оставете ја да делува 20 минути до половина час. Отстранете ја со млака вода.

 

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...