Три техники кои ќе ви помогнат да заспиете за само една минута!

Веројатно веќе знаете некои трикови како што се избегнување на кофеин пред спиење. Но ако сè уште имате проблеми да заспиете, пробајте ги овие трикови.

1. Опуштање на мускулите

Физичката напнатост може да биде причина зошто сте навечер будни. Затоа пробајте на овој начин да си ги опуштите мускулите.

Полега затегнете ги и опуштете ги мускулите.

Почнете од прстите на нозете кон главата.

Правете го тоа во интервали од 5 секунди.

Завршете ја оваа техника замислувајќи се себеси во некое мирно опкружување, како на пример мирна плажа.

2. Парадоксален трик на намера

Ако сте една од оние личности кои не можат да заспијат бидејќи премногу се грижат околу заспивањето, пробајте го овој трик – мислете дека мора да останете будни. Можеби звучи нелогично, но тоа всушност помага полесно да заспиете бидејќи ја намалува анксиозноста и дури и го опушта умот.

3. Смути за добра ноќ

Ако често грицкате нешто пред спиење, време е да заборавите на таа навика бидејќи тоа што ќе го изедеме пред спиење може многу да влијае на нашиот сон. Затоа наместо вообичаената вечера направите смути со следниве состојки:

Нискокалорично бадемово млеко

Грчки јогурт, немасен

Замрзнати цреши

Цимет

x

Check Also

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП(22. ДО 28. НОЕМВРИ): Добри вести за Биковите, љубов за Шкорпиите и Рибите, стрес за Вагите…

Оваа недела планетата Меркур ќе го напушти знакот Скорпија за да влезе ...